Јапонецот Томијасу успешно опериран

Арсенал остана без уште еден фудбалер. Јапонскиот дефанзивец Такехиро Томијасу објави дека го опериран на десното колено, а британските медиуми пишуваат дека најверојатно ќе отсуствува до крајот на сезоната. По Каи Хаверц и Габриел Жесус, тој е третиот играч на Арсенал кој е опериран во последниот месец.
„Имав операција на коленото пред неколку дена и веќе почнав со рехабилитација за да се вратам да го работам она што најмногу го сакам. Ова секако беше најтешкиот период во мојата кариера и ќе продолжи уште некое време, но нема да се откажам“, напиша 26-годишниот Томијасу на Инстаграм.
Јапонецот му се приклучи на Арсенал од Болоња во 2021 година, минатата сезона настапи на 30 натпревари, а оваа играше само шест минути против Саутемптон во октомври.
Арсенал, кој заостанува седум бода зад лидерот во Премиер лигата, Ливерпул, во сабота ќе му гостува на Вест Хем Јунајтед.