Јапонскиот амбасадор гостин на Наумче Мојсовски и АМС
Директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска имаше средба со Јапонскиот амбасадор, Хиронори Савада. На истата беше нагласена одличната соработка меѓу двете земји и се споделија искуства за понатамошно зајакнување во доменот на младите и спортот.
„Ние како амбасада секогаш сакаме да ја подобриме соработка и размислуваме во таа насока. Имаме идеја за збратимување на две општини со што би ги зближиле нашите идеи и вредности во сферата на гимнастиката како и во сите спортови и младински организации”, истакна амбасадорот Савада.
Директорот Мојсовски изрази уверување дека ќе продолжи одличната соработка меѓу двете страни. На средбата присуствуваше и Силвија Митевска, советничката за спорт на премиерот.