Јасикевичиус е тренер на сезоната во Евролигата

EUROLEAGUE 2024-2025 / ΠΑΟ – ΦΕΝΕΡΜΠΑΧΤΣΕ (ΣΤΕΛΙΟΣ ΣΤΕΦΑΝΟΥ / EUROKINISSI)

Литванскиот тренер Шарунас Јасикевичиус ја доби наградата за најдобар тренер во кошаркарската Евролига.

Главниот тренер на Фенербахче ја доби наградата „Александар Гомељски“ која му се доделува на најдобриот тренер во сезоната 2024/25.

Тимот заврши на второто место во регуларниот дел од сезоната со скор од 23-11, и покрај серијата повреди на клучните играчи.

Јасикевичиус стана првиот тренер кој го има освоено oва признание и како играч. Тој стана шампион 4 пати во 2003, 2004, 2005 и 2009 година.