Ја менува кариерата – Андре Виљаш Боаш ќе биде рели возач!

Поранешниот тренер на Порто, Челзи, Тотенхем и Марсеј, Андре Виљаш-Боаш ќе биде дел од Светското рели првенство во Португалија.
43-годишниот Виљаш-Боаш, кој на почетокот од годинава под чудни околности го напушти Марсеј, веќе има рели искуство, бидејќи пред три години се натпреваруваше на релито Дакар.
„Се чувствувам како во сон.“ – вели Боаш воочи трката за Светското првенство, која ќе се одржи овој викенд.
„Мојата страст за автомобилизмот започна во детството кога мојот татко ме одведе на трката на Формула 1 во Есторил. Мојот вујко веќе два пати настапи на релито Дакар и повеќе од очигледно е дека љубовта кон овој спорт се пренесува во мојата фамилија.“ – изјави Виљаш-Боаш.