Јелена Антиќ означи крај на професионалната кариера
Maкедонската женска кошарка од денес официјално остана посиромашна за Јелена Антиќ, една од најдобрите во историјата на овој спорт кај нас.
Иако има само 32 години, Антиќ одлучи да објави крај. Неколкуте тешки повреди беа пречка да изгради кариера за каква што сигурно имаше потенцијал, иако зад неа остануваат импресивни настапи за Македонија и повеќе европски екипи.
„Имав само 15 години кога заминав од дома за да го следам својот сон. Мојот кошаркарски сон. 17 години подоцна може да кажам дека кошарката ми го подари светот. Светот на можности. Јас и ги дадов срцето, телото и умот. Вистинска длабока љубов. Но, последните години беа исцрпувачки, физички и психички. Ти благодарам за се добро и лошо, за сите победи и порази, насмевки и солзи, сеќавања и лузни. Ова не е збогум, само ќе те гледам од другата страна на линијата“, oбјави Антиќ.
Кариерата ја започна во редовите на Младинец, потоа се пресели во САД каде што играше за средното училиште „Либерти Академија“, па универзитетот „Ливерти флејмс“.
Сениорското европско деби го направи во Партизан каде што помина три сезона, а потоа го носеше дресот на: Радивоје Кораќ, Макаби Ашдод, ЦСУ Алба, Лулеа Баскет, Висла Краков и Баскет Кам