Јирген Клоп се надева дека Жота и Фирмињо ќе бидат подготвени за финалето со Челзи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека неговиот тим ќе направи се што е потребно да ги подготви Диого Жота и Роберто Фирмино, за претстојното финале против Челзи во Лига купот кое се игра во недела.

Двата фудбалери заработија повреди на натпреварот од Лигата на шампиони против Интер во Милано.

„Рано е да се донесе конечна одлука околу нивниот настап. Разговарав со двајцата и тие изгледаат добро и позитивно. Мора да причекаме и да видиме како ќе оди нивното опоравување  во текот на наредниве денови, но секако ќе се обидеме да ги оспособиме за настап“, изјави тренерот Клоп за официјалната веб-страница на клубот.