Јирген Клоп ќе прави обид за доведување на Флоријан Вирц

Со оглед на тоа што ситуацијата околу останувањето на Мохамед Салах на „Енфилд“ се искомплицира, Ливерпул се насочува кон Германија во потрага по негова потенцијална замена.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека е можно неговиот сонародник Флоријан Вирц да стане нов фудбалер на популарните „црвени“ наредното лето.

18-годишниот офанзивец на Баерн Леверкузен веќе се промовираше во еден од најголемите таленти во светот на фудбалот и е дел од германската репрезентација.

Според англиските медиуми, Јирген Клоп ги активирал сите свои врски во Германија за да ја придобие младата ѕвезда.

Флоријан Вирц оваа сезона има постигнато 10 гола и реализира седум асистенции во Бундеслигата, а неговата вредност се проценува на 70 милиони евра.