Јоаким Лев е можен нов тренер на Фенербахче

Турскиот гигант Фенербахче испратил понуда до поранешниот германски селектор Јоаким Лев за негово назначување како нов тренер на екипата.

61-годишниот Лев би пристигнал во тимот од Истанбул, на местото од разрешениот Португалец Витор Переира.

Според информациите од турските медиуми, Фенербахче на германскиот стручњак му нуди договор со траење до 2024 година.

Доколку Јоаким Лев ја прифати понудата од турскиот клуб, тогаш за него ова ќе биде второ седнување на тренерската клупа во Фенербахче после сезоната 1998/99.

По изминати 18 кола во турскиот шампионат, екипата на Фенербахче има 29 бодови и се наоѓа на четвртото место од табелата.