Јован Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата

Во пресрет на натпреварот Македонија – Лихтенштајн (22 март, Вадуц), воведен од квалификациите за Светското првенство 2026, македонскиот репрезентативец Јован Манев зборуваше за претстојниот предизвик, но и за тешките моменти низ кои поминува тој и целата нација по големата трагедија што ја потресе јавноста. Со емоции, тој истакна дека доколку добие шанса ќе даде се од себе на теренот, посветувајќи го настапот на оние кои повеќе не се со нас.
„Ова се многу тешки денови за мене и за сите нас, загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да се бориме за нашата земја и за репрезентација. Ќе ми фалат секогаш, никогаш нема да бидат заборавени и ако ми се укаже шанса на мене и на моите колеги, ќе го дадеме максимумот во чест на сите нив. Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност, сите заедно да постигнеме резултати, најпрво за сите оние кои го загубија животот“, изјави Манев.