Јоветиќ се сели во Турција, ќе го облече дресот на Трабзонспор

Стеван Јоветиќ би можел на лето да го промени клубот. Во дел од турските медиуми, Јоветиќ се поврзува со Трабзонспор. Договорот на Јоветиќ со Монако истекува и наводно нема намера да потпише нов. Јоветиќ би можел да отвори нова страница во кариерата, а Турција наводно за него изгледа како добра опција. Трабзонспор во овој момент е четврти на табелата во Суперлигата, додека минатата сезона овој клуб го освои купот. Неодамна се појави информација дека Јоветиќ може да се врати во Фиорентина, но сега изгледа Трабзонспор е фаворитот.