Јовиќ: Ги исправивме грешките, подготвени сме за Колштад и ЛШ

Ракометниот шампион на Македонија Еурофарм Пелистер в понеделник во 14 часот напладне започнува со продажба на поединечните билети за првиот натпревар од Лигата на шампионите за сезоната 2023/24 против норвешкиот Колштад. Се бара билет повеќе, интересот е голем, а ракометарите и стручниот штаб во мир го подготвуваат дуелот со норвешкиот шампион. Тренерот Јовиќ и капитенот Пешевски ги повикаа фановите за дебито на овој тим во овој формат во Лигата на шампионите. 

Александар Јовиќ

(тренер на Еурофарм Пелистер)

Колштад е екстра квалитетна екипа, која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентацтивец. Колштад гаи екстра динамична игра и мислам дека ќе биде задолвоство да се натпреварувањеме со нив. Верувам дека ќе се прикажеме во најдобро светло оваа сезона, пред нашата публика, во нашата реновирана сала. Се спремаме подолг период, игравме доста пријателски натпревари, игравме и променливо на некои од нив. Од натпреварите на кои не бевме на висина на задачата извлековме многу поуки. Анализитравме доста детали каде сите заеднички грешиме и мислам дека ќе ги исправиме со стартот на новата сезона во Европа и во Суперлигата. Еурофарм Пелистер ќе биде подготвен за предизвиците.  За најдобрата публика и најракометниот град во Европа ќе порачам дека ќе оставиме срце на терен, ќе се прикажеме во најдобро светло и нема да ги разочараме навивачите. 

Жарко Пешевски

(капитен на Еурофарм Пелистер)

Емоцијата може да биде проблем, но може да ти даде и некоја посебна сила за да бидеш подобар и посмирен од противникот, да му зададеш удар и да се радуваш на крајот. Играме против супер екипа како Колштад. Норвежаните негуваат агресивен и динамичен ракомет. Гостуваат во Битола и ние ќе направиме сè да му ја отежнеме работата. Се работи за тим составен од повеќе норвешки репрезентативци, на чело со Сагосен. Тој, Род и двајцата голмани се лидери во тимот. Имаат искалена агресивна одбрана, за која со видео анализи треба добро да се спремиме да ги пробиеме. Ако сè оди по планот, имаме шанси да се надигруваме и на крајот да се радуваме. Мислам дека ова наше место ни е заслужено како шампиони на Македонија по осумнаесет години. Ние и фановите треба заедно добро да се поставиме и ќе бидеме светла точка која гордо ќе ја претстави Битола.

Прваците на Македонија и Норвешка низ историјата никогаш не се сретнале меѓусебе во официјален натпревар.