Јовиќ се повреди, Мајами еден месец без Србинот

Српскиот кошаркар од тимот на Мајами Хит, Никола Јовиќ подолго време ќе отсуствува од терените. Како што објавија од неговиот клуб, Јовиќ ќе пропушти најмалку четири недели поради фрактура на втората метакарпална коска на десната рака.

Јовиќ се повреди на натпреварот против Милвоки (113-120) во неделата.

Српскиот кошаркар сезонава на 46 натпревари има просек од 10,7 поени, 3,9 скока и 2,8 асистенции.