Јокиќ е принуден да замине од Денвер?

Како гром од ведро небо одекна веста за евентуална размена на еден од најдобрите кошаркари – Никола Јокиќ. Оваа вест ја „подгреа“ сопственикот на Денвер, Џош Кронке, кој предизвика огромна возбуда со своите директни изјави за Србинот, кој би можел да го напушти Нагетс, а има и многу дискусии за тоа каде би можел да ја продолжи својата одлична НБА-кариера.

Никола Јокиќ е моментално еден од најдобрите играчи во НБА и неверојатно е дека Денвер би можел да го загуби. Првиот човек на Нагетс, сепак, го призна тоа.

Секако, ова лето ќе му го понудиме договорот што ни е дозволено да му го понудиме – одговори тој на новинарско прашање за иднината на еден од најдобрите кошаркари во светот, кој на крајот не беше задоволен од изгледот и од можностите на својот тим.