Јокиќ „лови“ нов договор вреден 200 милиони долари

Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс и еден од најдобрите кошаркари во НБА, избран е за најдобар играч на Западната конференција минатата недела. Познатиот новинар на ЕСПН, Боби Маркс ја носи веста дека Јокиќ би можел по истекот на договорот да потпише супермаксимален договор, резервиран за само неколку играчи во лигата. Маркс наведува дека Јокиќ би требало да биде избран во најдобрата петорка за сезонава, со што ќе стекне право на уште поголем договор. Јокиќ веќе еднаш се најде во најдобриот тим на лигата пред две сезони, додека минатата сезона беше во вториот тим. Српскиот кошаркар во 2018. година потпиша петгодишен договор вреден 148 милиони долари. Летото 2022. година би можел да потпише уште поголем договор, сличен на оној кој го има Јанис Антетокумбо. Неговиот договор, кој е вреден 228 милиони долари, е најголем во историјата на кошарката.