Јокиќ планинари и ужива во домашна ракија по крајот на сезоната

Кошаркарската репрезентацција на Србија деновиве во Белград се обидува да избори виза за Игрите во Токио. Меѓутоа, селекторот Игор Кокошков не може да смета на најдобриот играч на светот, Никола Јокиќ ниту дури доколку Србија се пласира на Олимписките игри.

МВП играчот на НБА лигата одби да настапи за Србија поради замор. Кога тој објави дека се откажува, цела Србија се подигна на нозе, а многумина центарот на Денвер го прогласија за предавник.

Но, Јокиќ не беше многу вознемирен од тоа. Во родниот Сомбор тој беше на трки со коњи, а потоа се одлучи одморот да го продолжи во природа. Отпатува во Црна Гора, каде беше сместен на Трновачко езеро, до кое се стигнува по два часа планинарење, и тоа во правец од Босна и Херцеговина, бидејќи делот од црногорската страна е непристапен.

Таму, тој заедно со домаќините уживаше и во домашна ракија.