Јошко Миленкоски го одбра составот за Холандија

Селекторот Јошко Миленкоски го одреди списокот од 14 одбојкари на кои ќе смета за дуелите со Холандија и Луксембург во првиот турнир од годинешното издание во Европската лига 2026.
По повредата на Александар Љафтов, селекторот беше принуден да ги остави сите комбинации во игра. На последниот пресек за овој турнир на трибините ќе остане младиот техничар Лука Ристоски, додека Ване Арапов останува во тимот, но ќе има улога на примач наместо либеро.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра вечерва, 19:00 часот, во салата „Парк“ во Струмица. Влезот е 100 денари