Јувентус ги краде творците на шампионскиот Наполи

Време е за славје во Неапол. По 33 години успеаја да стигнат до титулата, играчите и стручниот штаб направија голем подвиг, иако никој не очекуваше пред почетокот на оваа сезона.
Еден од најважните луѓе во тој клуб е спортскиот директор Кристијано Џунтоли.
Овој човек создаде тим достоен за титулата и четвртфиналето во Лигата на шампионите, но време е да се збогува.
Џунтоли беше контактиран од Јувентус, при што ја прифатил понудата и сигурно е дека наскоро ќе седне во фотелјата на славниот клуб од Торино, а истовремено одби некои од англиските великани за да работи за Старата дама.
Според се, Џунтоли ќе биде заменет од спортскиот директор на Емполи, Пјетро Акарди.