Јувентус го продава Влаховиќ за 90 милиони евра
Италијанскиот спортски весник „Кориере дело Спорт“, ја пренесува информацијата дека новата управа на Јувентус има намера да го продаде српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.
Црно-белите од Торино се соочуваат со многу проблеми откако беа објавени финансиски малверзации со платите на играчите, по што екипата заработи казна со одземање на 15 бода во Серија А, а најверојатно Јувентус го очекува и едногодишна забрана за настап во Европа.
Поради овие причини, клубот ќе нема можност за плаќање на високите износи на плати кои ги заработуваат фудбалерите. Новата управа е подготвена, може да се каже и принудно да ги прифати понудите на Челзи, Арсенал или Манчестер Јунајтед за српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, доколку сумата за негов ангажман би изнесувала најмалку 90 милиони евра. Тоа би биле десет милиони евра повеќе од тоа тоа што Јуве пред една година му плати на Фиорентина.
Душан Влаховиќ конечно се опорави од повредата која го мачи во последниов период, поради која играчот нема забележано настап дури од Мундијалот во Катар.