Јувентус го продава Кулушевски

Екипата на Јувентус би го продала Дејан Кулушевски на тим од Премиер лигата доколку до нив пристигне прифатлива понуда.

Шведскиот репрезентативец со македонски корени, подолг период прикажува лоши игри во дресот на Јуве и не би имал ништо против да замине во клуб каде би играл на својата преферирана позиција како класичен центарфор.

Наводна заинтересираност за Кулушевски има од премиерлигашите Арсенал и Тотенхем кои би сакале да го доведат веќе во јануари.