Јувентус заинтересиран за Тилеманс

Фудбалскиот клуб Јувентус е заинтересиран за играчот од средината на теренот на премиерлигашот Лестер, Јури Тилеманс.

Јувентус сака да го доведе белгискиот фудбалер бидејќи бара замена за Адриен Рабио на кого на крајот од сезоната му истекува договорот со „бјанконерите“, и најверојатно ќе го напушти клубот.

Договорот на Тилеманс со Лестер истекува на лето и веќе од јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови за негов евентуален трансфер. Тилеманс е член на Лестер од 2019.година, и за клубот има одиграно 176 натпревари, со постигнати 28 гола.