Јувентус за 10 милиони евра го завршува првиот трансфер за новата сезона
Јувентус ќе го задржи 28-годишниот Алваро Мората и наредната сезона. Шпанскиот напаѓач настапува како позајмен фудбалер на Атлетико Мадрид во дресот на „старата дама“, а позајмицата ќе биде продолжена на уште една сезона. Тоа ќе ги чини италијаните 10 милиони евра, пишува новинарот Фабрицио Романо.
Новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри сака да го има Мората во својот тим.
Мората и Алегри веќе соработуваа претходно, кога шпанецот од 2014. до 2016. година играше за Јувентус под водство на Алегри. Сега, и двајцата се повторно во клубот.
Мората сезонава за Јувентус постигна 20 погодоци и запиша 11 асистенции во 44 натпревари во сите натпреварувања.