Јувентус и Атлетико Мадрид постигнаа договор за Мората

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ тврди дека Јувентус постигнал начелен договор со Атлетико Мадрид за конечен откуп на шпанскиот напаѓач Алваро Мората.

Мората во последните две сезони настапува за Јувентус како позајмен играч од Атлетико Мадрид, за што клубот од Торино му плаќа на Шпанците 10 милиони евра по сезона . Договорот на Мората со Атлетико е со важност до летото 2023 година.

Според претходно договореното, Јувентус мораше да му плати на Атлетико Мадрид 35 милиони евра за постојан откуп на правата за Мората. Оваа сума се покажа многу висока за раководството на „бјанконерите“ и тие започнаа преговори со челниците на клубот од Мадрид, постигнувајќи договор за околу 20 милиони евра.

Тренерот на Јувентус, Алегри, инсистира Мората да остане во клубот, бидејќи на него гледа како идеален партнер на Душан Влаховиќ во нападот на екипата.