Јувентус му нуди на Погба договор на три години

Екипата на Јувентус има план за доведување на Пол Погба од Манчестер Јунајтед.
Договорот на Французинот со тимот од Олд Трафорд истекува летово, и најверојатно тој нема да ја продолжи соработката со Англичаните.
Италијанскиот весник Газета дело Спорт пишува дека Јувентус е подготвен да му понуди на Погба годишна плата од 7,5 милиони евра, сума која би се искачила и до 10 милиони евра во зависност од резултатите и освоените трофеи. Договорот би бил потпишан на три години.
Останува да се види дали Јувентус ќе успее во своите намери Пол Погба повторна да заигра во црно-белиот дрес на „старата дама“.