Јувентус не се откажува од Филип Костиќ
Весникот Тутоспорт кој е добро упатен со состојбите во Јувентус, излезе со тврдење дека тренерот на екипата Масилимијано Алегри не се откажува од доведувањето на српскиот репрезентативец и играч на Ајнтрахт Филип Костиќ.
Медиумот пренесува дека во наредните денови Јувентус ќе испрати свои претставници во Германија кои ќе понудат повисока понуда за Костиќ од претходната која сега ќе изнесува 16 милиони евра плус бонуси, како и зголемена плата за фудбалерот која од 2,5 милиони евра сега ќе се зголеми на 3,5 милиони евра.
Костиќ сеуште јавно не го коментира интересот од Јуве, и изјави дека во моментот е фокусиран само на првиот натпревар на неговата екипа во новата сезона на Бундеслигата.