Јувентус подготвува голем јануарски трансфер со Душан Влаховиќ

Италијанскиот гигант Јувентус е решен да се засили со напаѓачот на Фиорентина Душан Влаховиќ кој би пристигнал во Торино овој месец.

„Старата дама“ подготвува понуда во која освен 35 милиони евра ќе го вклучи и Дејан Кулушевски кој би се преселил во Фиорентина.

„Виолетовите“ од Фиренца наводно се заинтересирани за ваква понуда и истата ќе биде сериозно разгледана во најбрз можен рок.

За српскиот интернационалец, интерес покажува и тимот на Арсенал но според италијанските медиуми, Влаховиќ преферира преселба во Јувентус.