Јувентус утре го губи Скудетото?!
Утревечер не очекува дерби на „Сан Сиро“.
Непоразениот Милан на домашен терен ќе го дочека Јувентус. Разликата помеѓу ривалите е десет бодови, со тоа што „росонерите“ имаат натпревар повеќе. Јувентус има само еден пораз, но тимот на Пирло има дури шест нерешени во 14 одиграни натпревари.
„Доколку некој ми кажеше дека Милан ќе биде прв во јануари, немаше да ставам ниту евро на нив. Ако освојат, тоа ќе биде чудо. Фаворит број еден останува Јувентус, но веќе доста заостанува. Ме интересира дали тимот на Милан ќе има потешкотии на овој натпревар. Мислам дека ова ќе биде клучен натпревар и за Милан и за Јувентус. Доколку Јуве е поразен, готово е.“ – изјави Антонио Касано во емисијата на Бобо Виери.
Одговорот ќе го дознаеме утревечер околу 23. часот. Пирло и Јуве не смеат да дозволат зголемување на бодовната разлика во однос на миланските тимови, кои играат одлично сезонава.