Јуве ги дефинира трансфер целите за 2027 година

Како што пренесува „Газете дело спорт“, Јувентус ќе има 100 милиони за засилување на тимот и веќе се кројат трансфер плановите.
„Старата дама“ најави зголемување на капиталот од 250 милиони евра, дел од оваа сума ќе се користи за покривање на загубите, но како што пренесува Газета дело Спорт, околу 100 милиони евра ќе бидат наменети за засилувања во јануари и летото во 2027 година.
Целта оваа сезона е пласман во Лигата на шампионите, но амбицијата е наскоро повторно да се нападне Скудетото.
Генералниот извршен директор, Џовани Карневали и спортскиот директор Рики Масара веќе ги кројат трансфер плановите, и во јануари приоритет ќе биде ангажман на нов фудбалер од средниот ред, и нов лев бек.
Прва желба е добро познатото име, Пјер-Емил Хојбјерг од Марсеј, додека изборот за левата бековска позиција е Рајан Аит-Нури од Манчестер Сити.
За летото 2027 година, Јувентус веќе разгледува неколку големи имиња кои би можеле да пристигнат како слободни играчи.
Меѓу нив е Станислав Лоботка, тренерот Лучано Спалети е негов голем фан, двајцата успешно соработуваа во Наполи. На листата се и Алисон Бекер од Ливерпул и Брахим Дијаз од Реал Мадрид. „Бјанконерите“ го следат и Вирџил ван Дајк, кој исто така би можел да пристигне беспари.
Во нападот повторно е актуелен Жан-Филип Матета од Кристал Палас, а се следат и неколку други имиња: Фоларин Балогун од Монако, Бенџамин Шешко од Мначестер Јунајтед и Брајан Броби од Сандерленд.
Јувентус има опција да го откупи Ник Волтемаде, но тешко дека клаузулата ќе биде активирана.