Јуве го договори потписот на Кефрен Турам
Јувентус е исклучително активен на трансфер пазарот ова лето и е на добар пат да го обезбеди второто големо засилување.
После Даглас Луиз на добар пат да стане нов фудбалер на Јувентус е и Кефрен Турам од Ница.
22-годишниот играч за врска игра фантастично, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, а ова лето сака да направи чекор напред во кариерата.
Турам влезе во последната година од договорот, па Јувентус за неговиот потпис ќе плати 20 милиони евра плус 5 милиони во име на бонуси. Кефрен е син на легендата на Јувентус, Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Интер, Маркус Турам.