Јуве го нуди Артур Мело на Рома

Артур Мело пристигна во Јувентус како скапо платено засилување, но испадна како најголемо промашување во поновата историја на клубот.
Неговиот трансфер од Барселона беше проценет на 72 милиони евра, а Јувентус плати 15 милиони евра плус Миралем Пјаниќ.
Јувентус сака што побрзо да се ослободи од него и е спремен да го испрати на 18-месечна позајмица со право на откуп.