Јуве го нуди Дибала за да го добие Икарди

Италијанскиот гигант Јувентус контактираше со ПСЖ за да разговараат за потенцијална размена на играчи. Станува збор за Аргентинците Пауло Дибала и Мауро Икарди.
Истиот извор тврди дека од Јувентус планираат наскоро да се сретнат со сопругата и личниот агент на поранешниот напаѓач на Интер Икарди – Ванда Нара.
Мауро Икарди беше поврзуван со трансфер во Јувентус како играч на Интер, но заврши во Париз. Иднината на Дибала во Јувентус не е многу јасна, а неговиот договор со клубот истекува на 30 јуни 2022 година.
Јувентус најверојатно ќе се обиде да го продаде Дибала ова лето доколку не потпише нов договор со клубот, бидејќи во спротивно ризикуваат да го загубат без никакво обештетување по крајот на следната сезона.