Јуве го продава Артур во зимскиот преоден рок
Артур Мело не успеа да се вклопи во италијанското првенство и се очекува да го напушти Јувентус во јануарскиот преоден рок. Според информациите, тој сака да се врати во Ла Лига, каде повеќе му одговара стилот на игра.
Бразилскиот играч за врска не е дел од плановите на Алегри и веќе разговарал со својот агент да му бара клуб во Шпанија, каде би продолжил со кариерата. Се зборува дека за него е заинтересирана Севиља, бидејќи Јулен Лопетеги има симпатии кон него.
Јувентус го проценува на околу 35 милиони евра, сума која Севиља сигурно нема намера да ја плати за Артур оваа зима. Тоа значи дека трансферот може да се реализира дури на лето.