Јуве го продава Влаховиќ и го носи Дарвин Нуњез

Јувентус е загрижен дека Душан Влаховиќ би можел да замине ова лето, па италијанскиот гигант клубот подготвува неочекуван потег. Ќе направи обид ова лето да го доведе Дарвин Нуњеz.

Јувентус наводно е подготвен да понуди 60 милиони евра за да го убеди Ливерпул да се раздели со уругвајскиот напаѓач.

Нуњес пристигна на „Енфилд“ во летото 2022 година за рекордни 100 милиони евра од Бенфика, но неговите настапи често беа подложни на критики, како од јавноста, така и од навивачите на клубот.

Промашените зицери, честите офсајди и непостојаната форма доведоа до незадоволство кај фановите, кои тоа го изразија и на социјалните мрежи.

Ливерпул, наводно, ја одредил цената за Нуњеz токму на 60 милиони евра, што значи дека Јуве би можел да го добие 25-годишниот напаѓач доколку се договори со англискиот клуб.