Јуве го продава Моизе Кин во Фиорентина за 18 милиони
Како што стојат работите, Јувентус го продаде својот напаѓач, Моизе Кин во редовите на Фиорентина.
Фиорентина ќе го добие Кин за сума од 13 милиони евра, плус пет како бонуси. Овие пари се очекува „старата дама“ да ги вложи во Кефрен Турам од редовите на Ница.
Во изминатата сезона Кин не постигна ниту еден гол во дресот на Јувентус, па затоа и неговото заминување е очекувано.
Инаку, Кефрен Турам е брат на напаѓачот на Интер Маркус Турам, нивни татко е легендата Лилиан. Од договорот со Ница, Кефрен има уште една година, па така се очекува Ница да го пушти за слична сума помеѓу 18 и 20 милиони евра.