Јуве го сака Чаумени од Монако

Монако ја постави цената за играчот за врска и француски репрезентативец Орелиан Чаумени, пренесува „Калчомеркато“. Клубот од „кнежевството“ за 21-годишниот Чуамени бара 45 милиони евра, сума која се спремни да ја платат неколку европски гиганти.

Чуамени минатата сезона се наметна во тимот на Монако, а оваа сезона игра одлично и веќе е стандарден за француската репрезентација.

Јувентус сака да го донесе Французинот уште во јануари и е спремен да ја победи конкуренцијата.