Јуве го става Влаховиќ на трансфер листа

Медиумите во Италија потенцираат дека голгетерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, веројатно ќе го напушти тимот во текот на летниот трансфер-период.
Централниот напаѓач кој има договор до јуни во 2026 година, влегува во радарот на фудбалските гиганти од Англија – Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Србинот кој во 2022 година беше купен од Фиорентина, има одиграно 142 меча за „старата дама“ со ефект од 56 голови и 14 асистенции.