Јуве започна преговори со Жоржињо од Арсенал

Јувентус покажува силен интерес за фудбалерот на Арсенал и италијански репрезентативец Жоржињо, пренесуваат италијанските медиуми.

Жоржињо пред една година пристигна во Арсенал од Челзи и има договор до крајот на оваа сезона. Плејмејкерот на лето ќе ја промени средината, а негова желба е да се врати во Италија. Неговиот агент веќе започнал преговори со Јувентус, кој е заинтересиран за 32-годишниот плејмејкер.

Жоржињо блесна во дресот на Наполи, а со италијанската репрезентација имаше една од главните улоги во освојување на европската титула.

Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска, а покрај Жоржињо заинтересиран е и за Томас Парти од Арсенал.