Јуве има огромен долг и го тресе голема финансиска криза
Сериозните финансиски загуби кои Јувентус ги најави за изминатата година најверојатно ќе ја принудат „старата дама“ на драстични мерки.
Екипата од Торино објави рекордни загуби од 254,3 милиони евра. По завршувањето на сезоната се очекува да си заминат неколку играчи што добиваат високи плати со што ќе се олесни буџетот и ќе се балансираат финансиите.
Станува збор за Хуан Куадрадо, Адриен Рабиот, Анхел Ди Марија и Алекс Сандро.