Јуве и Јунајтед подготвуваат трампа Рабио-Ван де Бек

Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди на Дони ван де Бек да биде вклучен во преговорите со Јувентус за Адриен Рабио. „Црвените ѓаволи“ веќе долго време се интересираат за членот на француската репрезентација, Сега од Манчестер Јунајтед повторно го гледаат овој играч и ќе се обидат да го земат во својот состав на лето. Според информациите, Јунајтед е подготвен да понуди директна размена на играчи испраќајќи го Дони ван де Бек во Торино, а Рабио да се пресели на „Олд Трафорд“. Холанѓанецот никогаш не можеше да покаже својот потенцијал по неговиот трансфер од Ајакс минатото лето. Тој доби неколку шанси за настап, бидејќи досега има одиграно само 16 натпревари во текот на сезоната. Се чини дека тој не е меѓу фаворитите на Оле Гунар Солскјер, кој е подготвен да се раздели од него.