Јуве и Јунајтед размислуваат за трампа меѓу Гринвуд и Бремер
Манчестер Јунајтед и Јувентус може да направат спектакуларна трампа во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот. Имено, Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица во Гетафе.
Гринвуд нема иднина во Манчестер Јунајтед, но оваа сезона игра одлично во Гетафе и го привлече вниманието на многу клубови. Проблематичниот англиски фудбалер, ја оживеа својата кариера во Гетафе по тешкиот период во Манчестер Јунајтед каде беше обвинет за силување.
Манчестер Јунајтед пак е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер и е спремен да го понуди Гринвуд како дел од договорот.