Јуве крои план како да го доведе Влаховиќ во јануари

Душан Влаховиќ одби да го продолжи договорот со Фиорентина и јасно е дека наскоро ќе ја промени средината.

21-годишниот голгетер го привлече вниманието на многу европски гиганти и има многу понуди, а најсилен интерес за него покажува Јувентус. „Старата дама“ во моментов е далеку од Топ 4, но без разлика дали ќе избори пласма за ЛШ, сака по секоја цена да го донесе Влаховиќ во своите редови.

Фиорентина веќе ја постави цената и за неговата слобода бара 70 милиони евра, па „бјанконерите“ прават план како да го финансираат трансферот.

Алегри не е задоволен од Артур и Рамзи, а Мората сигурно заминува на крајот на сезоната. Тројцата имаат плата од околу 20 милиони евра, па Јувентус планира тој буџет да го искористи за Влаховиќ.