Јуве му го „украде“ Тиаго Џало на Интер

Јувентус постигна договор со португалскиот дефанзивец и член на Лил, Тиаго Џало, пренесоа италијанските медиуми. Според информациите „старата дама“ ќе плати три милиони евра за услугите на Џало, а трансферот ќе се комплетира во следните денови.

Португалецот влезе во последните месеци од договорот со Лил, па францускиот клуб се согласи да го продаде за да не го загуби без обештетување.

Јувентус успеа да ја победи конкуренцијата, пред се од Интер, кој беше многу блиску до договор со Џало, но сакаше да го доведе на лето како слободен агент.