Јуве му нуди нов договор на Бразилецот Данило
Дефанзивецот на Јувентус, Данило може да го продолжи договорот со италијанскиот клуб. Раководството на Јувентус му понудило на 30-годишниот бразилски фудбалер нов договор, со важност до јуни 2026 година. Актуелниот договор на Данило со клубот истекува во јуни 2024 година. Да потсетиме дека Данило се пресели во Јувентус од Манчестер Сити во летото 2019 година.
Трансферот изнесуваше 37 милиони евра. Оваа сезона, дефанзивецот учествуваше во 22 натпревари за клубот од Торино во сите натпреварувања, постигна 1 гол и 2 асистенции.
Јувентус по 29 натпревари освои 56 бодови и се наоѓа на 4. место на табелата во италијанската Серија А каде лидер е Милан со 63 бодови.