Јуве работи на откуп на Коло Муани

Директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли, потврди дека работат со ПСЖ за продолжување на соработката со Рандал Коло Муани и следната сезона, особено по одличниот старт на Коло Муани во дресот на „Старата Дама“.

„Требаше да покриеме некои празнини создадени од повредите, па моравме да интервенираме во одбраната со тројца играчи, а поради повредата на Милик се свртевме и кон Коло Муани“, изјави Џунтоли.

„Имаме добар однос со ПСЖ и кога беше затворен преодниот рок, веќе видовме дека Милик можеби нема да биде подготвен на време, па работевме да ги поставиме темелите на овој трансфер. Договорот што го постигнавме со нив, исто така, создаде опција да продолжиме со него и во иднина. Ќе работиме на тоа до летото“, потврди директорот на Јувентус.