Јуве регистрира дури шеснаесет повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со кои се соочува Јувентус. Последни на долгата листа се Зеки Челик и Нико Гонзалез.
Прегледите во клиниката на „J|medical club“, потврдија мала повреда на задниот дел од левата нога кај Челик, додека на Гонзалез му беше дијагностицирана мала повреда на десната потколеница.
Иако до крајот на сезоната остануваат повеќе од седум месеци, 16 играчи веќе поминале низ амбулантата на клубот од различни причини, пишува „Calciomercato“.
Станува збор за различни повреди, од многу тешки како оние на Камило Грабара и Мануел Локатели, до мускулен замор кај Вестон МекКени и Папе Сар, со голем број други случаи помеѓу овие две дијагнози.
Причините за толку долгата листа на повредени се различни. Станува збор за комбинација од трауматски повреди, како во примерите на Јилдиз и Консеисао, стари мускулни проблеми и помали тегоби што играчите ги донеле од претходни клубови, како што е случајот со Сар.