Јуве сака да го задржи Влаховиќ, но со двојно помала плата

Јувентус подготвува нова понуда за Душан Влаховиќ, но со значително намалена плата во однос на неговиот актуелен договор.

Според информациите на италијанскиот инсајдер Николо Шира, клубот од Торино му понудил на српскиот напаѓач нов договор со годишна нето плата од седум милиони евра, што е речиси двојно помалку од сегашните 12 милиони кои ги заработува.

Понудата се однесува на краткорочен договор, а засега не е познато колку точно би траел.

Влаховиќ оваа сезона има проблеми со повреди и сè уште нема одиграно ниту една минута од почетокот на календарската година. Поради тоа веќе подолго време се шпекулира дека напаѓачот би можел да го напушти Торино, а новата понуда на Јувентус дополнително ги подгрева тие гласини.