Јуве се вклучува во трката по Милинковиќ-Савиќ
Примарна трасфер цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува „Газета дело Спорт“.
28-годишниот фудбалер влегува во последната година од договорот со Лацио и нема намера да ја продолжи соработката. Поради тоа Лацио е спремен да го продаде ова лето и за неговата слобода бара 40 милиони евра.
Јувентус е заинтересиран, но не е спремен да ја плати таа сума, па сака во трансферот да вклучи и други фудбалери. „Бјанконерите“ на Лацио му ги понудиле потписите на Пелегрини и Ровела.
Јувентус веќе е во контакт со агентот на Србинот и му нуди плата од 6 милиони евра по сезона.