Јуве се распрашува за Солер, цената е 50 милиони евра

Јувентус ќе се вмеша во трката за потписот на играчот од средниот ред на Валенсија, Карлос Солер, кој има трансферна вредност од околу 50 милиони евра.
25-годишниот фудбалер го привлече вниманието на Барселона, Атлетико Мадрид, Наполи и Милан. Тој целата кариера ја помина на – „Месталја.
За првиот тим дебитираше во 2016 година и досега има 222 меча, 35 гола и 31 асистенција. За Шпанија одигра 7 натпревари и постигна 2 гола.