Јуве спремен да плати 85 милиони евра за Осимен

Јувентус е подготвен да плати повеќе од откупната клаузула на Виктор Осимен но Саудиска Арабија им ги мати плановите со богат предлог за напаѓачот.
Во договорот на Виктор Осимен има откупна клаузула од 75 милиони евра, но таа важи само за клубови надвор од Италија.
Па за Јувентус да го примами Наполи на продажба, „старата дама“ е подготвена на маса да стави 10 милиони евра плус, односно предлог кој сосе бонуси ќе изнесува 85 милиони евра.
Но дури и да го убедат лутиот ривал да прифати една ваква зделка, трансферот останува комплициран поради Саудиска Арабија.
Ал Хилал е подготвен да ја активира откупната клаузула на Виктор Осимен од 75 милиони евра и на напаѓачот да му даде богат договор со фантастична плата од 30-35 милиони евра по сезона.
Јувентус не може да конкурира на вакви бројки, па последниот збор би го имал Виктор Осимен, кој ќе треба да реши дали ги одбира парите или фудбал на високо ниво.