Јуве фаворит за потписот на Немања Матиќ

Српскиот фудбалер Немања Матиќ неодамна се прости од „Олд Трафорд“ со овации од над 70.000 навивачи на натпреварот против Брентфорд. Тој од следната сезона нема да биде член на Манчестер Јунајтед, па многу европски клубови веќе го бараат искусниот играч од Србија.

Тој веќе некое време е цел на Жозе Мурињо, а Италијанците очигледно најмногу го „бркаат“ Матиќ, откако англиски „Дејли Стар“ пренесе дека Јувентус би можел да го доведе искусниот Немања. Тие тврдат дека знаат некои детали од договорот.

Тимот од Торино не можеше да му даде иста плата на Матиќ како во Манчестер Јунајтед, но се подготвени да му уплатат 12.000.000 евра на сметка веднаш штом дојде и стави потпис на договорот. Неговата неделна плата во Јувентус би изнесувала околу 100.000 евра, што повторно е сосема доволно за искусниот фудбалер.