Јуве ќе го откупи Милик од Олимпик Марсеј

Јувентус постигна договор со Марсеј за откуп на Аркадиус Милик, кој ќе остане во Торино и во наредните три години.
Милик минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Јувентус и одигра одлично постигнувајќи девет гола во сите натпреварувања. Тренерот Алегри побара од раководството да го задржи Полјакот, па „старата дама“ му ја исполни желбата.
Јувентус постигна договор со Марсеј и за неговиот потпис ќе плати 7 милиони евра.
Милик ќе стави потпис на 3-годишен договор, а и самиот истакна дека е среќен и сака да остане во Торино.